Голем број екипи поради немање услови за тренинг своите активности ги одржуваат во отворени простории или во таканаречени балони. Лекарите претпочитаат кога имаме температури под минус 7 степени, да не се тренира на отворен и студен простори бидејќи шансите за повреди се поголеми.

Глигоровска вели дека несоодветното облекување за работа во вакви услови како и неприлагодувањто на условите за физичка активност на многу ниски температури, можат да донесат телесни повреди, а најголем ризик има за мускулите и лигаментите.

Експертите по медицина препорачуваат младите спортисти да работат само во затворени простории, а не на отворено. Исто така препорачуваат во текот на тренинзите на ниски температури да се облечува соодветна долга подебела облека и да бидат покриени сите делови на телото. Современата медицина температурите до минус 5 степени ги смета како релативно безбедни за физичка активност.
Сафет Адеми

Loading...

Shpërndaj me



Loading...