Експертите оценуваат дека „војната“ што ВМРО-ДПМНЕ ја објави против НВО-та кои се финансираат од Сорос значи бегање на оваа партија од фактичната состојба во Македонија. Директорката на Македонскиот институт за медиуми Биљана Петковска вели дека изјавите дека во Македонија функционираат медиуми кои пари добиваат од „Сорос“ е тенденциозно тврдење за дефокусирање на јавноста.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека фонадациите „Отворено општество“ не функционираат само во тоталитарните земји, пат кон кој, според него, се движи и Македонија.

„Парите на Сорос предизвикуваат страв и паника само во авторитарни земји, како што е Македонија. Вие знаете дека Сорос не оперира само во Русија, Белорусија и во Турција“. – изјавува Насер Селмани, претседател на ЗНМ
Неодамна ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција им објавени војна на медиумите, НВО-та и останатите организации кои според партијата на Груевски се финансираат од Фондацијата Отворено Општество.

 

Адријан Керими

Loading...

Shpërndaj me

Loading...