Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од источен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус четири, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 12, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Од понеделник подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса, која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја. Од средината на наредната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...