Политичка сатира, традиционални животински маски, многу гости, празнично јадење и пиење. Во Вевчани денеска се одржа традиционалното дефиле под маски. По улиците прошета и маски како бајачката на Груевски, амбасадорот Џес Бејли, но и милијардерот Џорџ Сорос. Вевчани уште еднаш ја покажа својата смисла за хумор и исмејување на актуелните општествени случувања во Македонија.

Се продаваа и универзитетски дипломи, а во Вевчани пристигна и севернокорејскиот диктатор, Ким Јонг Ун.

И покрај врнежливото време на забавата под маски беа присутни и голем број на туристи од странство.

„Ние сме од Америка. За првпат сме во Вевчани, прекрасно место и луѓе. Ова е одличен настан, а си добивме и вевчански пасош.“ – вели турист од Америка

Годинава немаше навредливи маски како што тоа беше случај пред неколку години. Карневалот стар околу 1.400 години завршува утре со традиционалното палење на маските сред село.

 

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...