Алсат М ја обезбеди документацијата со која трговската фирма за увоз – извоз и услуги, Киоски конкурирала и го добила тендерот за анализирање на Охридскиот договор. Во неа јасно стои дека компанијата, која била единствената во конкурсот, има само едно име ТДС КИОСКИ. Но, во подоцнежната реакција од оваа компанија, се тврди дека таа има разгранок под името “Адвертазинг“, која се занимава со услуги и преку која го добила тендерот. Покрај овие тврдења, Алсат откри податоци во Централниот регистар дека овој разгранок е одобрен 11 дена по добивањето на тендерот од трговската компанија Киоски. Како што може да се види во овој документ, во Централниот регистар се посочува дека разгранокот за услуги и анализи е одобрен на 02.12.2016. додека тендерот бил добиен на 21 ноември. И покрај ова прекршување кое тендерската комисија го запоставила, фирмата истакнува дека тендерот е добиен правилно, преку електронски пат во бирото за јавни набавки. Според трговската компанија, која вели дека спровела разни проекти од сферата на анализи, студии и маркетинг, добиени од разни институции, во редовни постапки на Бирото за јавни набавки, истиот разгранок стои како автор, во времето кога се викал “Единица 8“. Алсат праша и за овој разгранок, но не најде информации за такви анализи. Остануваат многу прашања за објаснување, не само кон компанијата, кон тендерската комисија, а пред сè кон првиот човек на секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор.

Алсат повторно испрати прашања до Секретаријатот, преку лицето за контакт, со цел да дознае на кој начин биле исполнети условите за добивање на тендерот, бидејќи се работи за компанија со трговско дејство. Одговорот е овој:
„Приоритетна активност главна шифра 73.11 – Агенција за маркетинг и услуги

На прашањето кои се доказите за претходните анализи на победничката компанија, услов кој стои во тендерскиот оглас, од Секретаријатот одговорија дека компанијата работела:
Проекти за Министерството за труд и социјална политика – студија за изградба на старски домови и детски градинки.
За Министерството за економија – анализа за туризам во Македонија.
За Министерството за економија – обработка на анализа за алтернативен туризам.
За Агенцијата за поддршка и промовирање на туризмот – реализирање на кампањата „Македонија на Дланка“.

Иако според компанијата, овие проекти се спроведени преку Бирото за јавни набавки, ниту еден проект не се наоѓа на оваа страница за сметка на институциите – нарачатели.
Од друга страна останува нејасно колку ќе ги спроведе дополнителните барања од тендерот разгранокот Адвертајзинг на трговската компанија Киоски. Во документацијата се истакнува дека во временски период од 60 дена, компанијата освен квалитетна анализа за спроведувањето на Охридскиот договор, треба да одржи една меѓународна конференција, 6 регионални конференции, истражување на јавно мислење на национално ниво, како и градење на стратегија за нови канали на комуникација и афирмација на Охридскиот договор. Сите тие, според законските рокови во тендерот, јавноста очекува да се реализираат до 21 јануари.

Shpërndaj me