Островот “SuperShe” е дестинација во близина на Финска наменета само за понежниот пол, нивното здравје и уживање.

Кристина Рут е жената која стои позади создавањето на оваа женска оаза. По неколку одмори поминати во Калифорнија, таа сфатила дека не може да се опушти во машко друштво.

“Целта на оваа идеја е да се посветиме сами на себе” – вели Рут

“SuperShe” ќе биде отворен за јавноста од јуни, а пред пристигнувањето треба да се поднесе барање во кое ќе бидат наведени причините зошто сакате да го посетите островот.

На жените ќе им бидат на располагање многу активности како јога, медитација, здрава исхрана, готвење, фитнес и така натаму.

Цената за престојот се уште не е позната.

 

Shpërndaj me