Шкендија од Тетово пролетната сезона ќе ја почне од првата позиција со осум бода предност од Вардар, кој пак ќе се обиде да ја одбрани ланската титула. Токму двата ривала го почнуваат ова коло со дерби натпреварот во Тетово. „Црвено- црните“ екипи со сите сили ќе се обидат да остварат победа поради зацртаните цели. Шкендија би се оддалечил од Вардар цели 11 бода, додека Скопјани би ја намалиле бодовната разлика.

Шкендија е подготвена за првенството. Се разбира, предноста која ја имаме од изминатата година, ни дава шанса да веруваме дека Шкендија може да стане шампион. Но, сепак, има уште многу да се игра и треба да бидеме будни во продолжувањето на првенството“, изјави Ќатип Османи- тренер на Шкендија

Сафет Адеми

Shpërndaj me