Меѓународниот ден за борба против дијабетес ги најде со бројни проблеми погодените од оваа болест. Како што постојано известуваат претставниците на здруженијата за дијабетес во земјата, најголемите проблеми последниве години се појавиле поради недостаток на инсулинска терапија и нивниот квалитет. Бројот на лица заболени од шеќерна болест постојано се зголемува, особено меѓу младите и децата. Во Македонија околу 200 илјади или 12% од населението страда од дијабетес.

Shpërndaj me