Претседателот на ДПА, Мендух Тачи на собир во Струга побара поддршка од граѓаните за неговата советничка листа. Тачи рече дека ДПАтреба да добие поддршка бидејќи ја потврдила искреноста кон интересите на Албанците со повлекувањето на нивниот кандидат за градоначалник на Струга. Тој рече дека јавно нема да го поддржи ниеден од кандидатите Албанци од другите партии за оваа општина.

“Ние бараме поддршка за советничката листа, а во исто време бараме поддршка за ДПА. Ние не се изјаснуваме за поддршка на ниеден друг кандидат. Секој кој сака да биде дел од поддршката или чесните и нечесните пазарења, одговорноста е лична. Мојата дискусија за градот Струга се разликува од дискусијата за другите градови и населени места затоа што тука целата јавност знае дека сакајќи да придонесеме да не се загрози кандидатурата на градоначалникот кој ќе победи и за да не биде од друга националност, ние го повлековме нашиот кандидат.“ – рече Мендух Тачи, претседател на ДПА

Shpërndaj me