Скопска пивара во соработка со компанијата Кока Кола му донираа на Град Скопје пет паркинзи за велосипеди кои ќе бидат поставени на различни локации. Денеска, во употреба се пушти првиот паркинг кој беше поставен кај шадрванот во Градскиот Парк. Од Скопска Пивара велат дека главната цел на проектот е да се промовираат физичките, рекреативните и спортските активности, грижа за животната средина и поттикнувањето на граѓаните да се откажат од користење автомобили и да користат велосипеди. Паркинзите за велосипеди имаат форма на познатото шише на Кока – Кола, а на сите места ќе се постават два паркинзи, пар Кока Кола и Кока Кола Зеро.

Shpërndaj me