Според пишувањата на светските медиуми, акерот Орландо Блум и пејачката Кејти Пери успеале да ги надминат проблемите од минатото и да ја продолжат својата врска.

Тие се разделија во март 2017 година, а по неполна година одлучија да и дадат втора шанса на врската.

Славниот пар тајно отпатувал на Малдивите каде престојувале во луксузен хотел, скриени од папараците.

“Тие се повторно заедно и Кејти сака да успее нивната врска. Таа не можеше да го заборави. Премногу се грижи за него. Тие не соопштуваат јавно, но се смирија” , вели извор за “Sun”.

По разделбата, холивудскиот актер и музичката ѕвезда одржуваа контакт преку социјалните мрежи, а се забележани заедно и на неколку настани.

Кејти неколкупати јавно говореше за тоа колку тешко се справила со раскинувањето.

 

 

Shpërndaj me