Техничката влада во заминување, потпиша договор за изградба на нов Клинички центар во Скопје тежок 72 милиони евра. Церемонијата заврши за рекордно кратко што не беше случај при потпишување на вакви договори во минатото. Во свечената сала во Владата на Република Македонија освен техничкиот премиер Емил Димитриев беше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски. По поптишувањето Никола Тодоров не дозоли новинарски прашања. Но, при обидот да побегне од камерите, сепак даде одговор.

„ Во кое својство го потпишавте договорот?”

“Вицепремиер и министер за здравство “ – одговори Тодоров

За дел од професорите по управно право, ова потпишување е спорно. Според нив, Тодоров не смееше да стави потпис на договорот.

„Од аспект на добри практики тој можел да почека. Ова е вулгарно, а од аспект на чиста законитост малку е контраверзно што во исто време е и пратеник и министер. Инаку процедурата е завршена и македонските оператори кои треба да градат се избрани, понудувачот е избран, тој само сега го потпишува договорот. Ако некој сака да ја спори законитоста тоа можер да го направи и по ова.“ – изјави Драган Гоцевски, професор

Но, Тодоров на церемонијата се обиде да појасни зошто потпишал.

„Некои луѓе сакаат нешто да се случи, други посакуваат тоа да се случеше. Но, оние вистинските прават тоа навистина да се случи. На овој проект јас и мојот тим работевме напорно и посветено. За цело време ја имавме полната поддршка од Владата и од Премиерот, но, овој проект не е смо наш проект ова е национален проект. Проект на држвата Република Македонија. Здравјето не препознава политичка, етничка или било каква припадност и затоа најважно е овој проект целосно и навремено да се реализира. “ – вели Никола Тодоров – вицепремиер во техничката влада

Но, Тодоров не го повика новиот мандатар Зоран Заев на потпишувањето, иако тој ќе треба да го спроведе проектот ако формира влада. Освен министерот за здравство во заминување, од камерите побегна и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, но и инвеститорот.

Новиот Клинички ќе го гради конзорциумот „Бетон и Гранит заедно со италијанската Инсо Системи. Краен рок за изградба е за 45 месеци. „Инсо системи“ во изминатиот период ја брануваше јавноста дека е со негативен бонитет и спротивно на тендерските услови е избрана да го гради Клинички центар „Мајка Тереза.“  Од СДСМ пак најавија ревизија на сите проект на техничката влада.

Верица Павлоска

Shpërndaj me