Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca – Cola HBC групацијата и оваа година го освоија првото место во светската индустрија за пијалаци, според остварените резултати во одржливиот развој и заштитата на животната средина. Во годинешното глобално рангирање кое го спроведува „Дау Џонс индекси за одржливост“, групацијата Coca – Cola HBC повторно освои најмногу поени – 90, што е дури 38 поени повеќе од просекот на останатите компании од светската индустрија за пијалаци. Ваквиот резултат, четврта година последоватлено, им го донесе на Пивара Скопје и на останатите компании во состав на Coca-Cola HBC статусот – глобални лидери во одржливост. Награта е добиена бидејќи Coca-Cola HBC групацијата упеаја лани дополнително да ги намали јаглеродните емииси во атмосферата, дополнителна заштеда на вода како и дополнителна заштеда на енергија.

Shpërndaj me