Кандидатката на ДУИ за Тетово, Теута Арифи ја претстави изборната програма. Таа новиот мандат го темели врз градење на новиот водовод и зголемувањето на капацитетот на вода за пиење. Во четиригодишниот мандат на Арифи се истакнати инфраструктурни проекти, афалтирање на улици, проширување и долгорочно решение за урбанистичкиот хаос. Според Арифи, Тетово има потреба од поголем економски развој, култура и социјални добра.

Продолжување да целосното реновирање на водоводната мрежа бидејќи водата е веќе пристигната во градот. Исто така сме кон крај со изработка на генерален план. Во изминатите четири години се поставени 20 километри асфалт на руинираните улици во градот и во наредните четири години, не само што ќе го зголемиме тоа, туку ќе има и многу повеќе други проекти за проширување. Едниот ќе биде продолжување на индустрискиот булевар, проект кој е веќе изработен, добиена е дозвола и е квалификуван заедно со проектот за булеварот Илинден во насока кон Гостивар.изјави Теута Арифи, кандидат на ДУИ за Тетово

Shpërndaj me