Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во пакет ја продава компанија ЕДС заедно со сите подружници во југоисточна Европа на грчката национална компанија за производство на електрична енергија Паблик Пауер Корпорејшн. Засега не се откриваат детали за колку пари е продадена компанијата на Анѓушев, но, според извори од претпријатието се ќе биде направено согласно законите во Македонија, а претходно ќе се обезбеди и мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Инаку грчката ППЦ е најголема фирма за струја во југоисточна Европа со годишни приходи од над 5 милјарди евра. Вицепремиерот Анѓушев уште во минатото најави можна продажба на компанијата за да избегне конфликт на интереси откако стана министер во Владата на Зоран Заев.

 

Shpërndaj me