Кампањата за локалните избори се очекува да биде меѓу најжестоките досега во Македонија. На овие избори, албанските политички партии, но и македонските, ќе се обидат на некаков начин да добијат легитимност и да ги зајакнат своите позиции, вели аналитичарот Алајдин Демири во пресрет на кампањата. Според него, ќе има и чудни коалиции, со цел партиите да ги зајакнат позициите.

„Кампањата за овие локални избори, кои беа одложени од мај, ќе биде меѓу најжестоките кампањи досега што сме ги имале на локални или на парламентарни избори во Македонија. Со оглед на фактот дека овие избори сега се фетишизираат, и во македонскиот корпус ќе бидат избори – „да се биде или не“, не за локалните избори туку за иднината на власта или предвремените избори. Исто така, и во албанскиот корпус, позициите што ги има ДУИ, која е пред уривање, ќе биде многу гневна на овие избори, од друга страна агресивноста на Беса и ДР ДПА ќе биде уште поголема, со што овие избори добиваат тежина што не ја заслужуваат, бидејќи партиите повеќе се заинтересирани за нивните иднини отколку за иднината на општините и изборите.“ – вели Алајдин Демири- политички аналитичар

За аналитичарот Џелал Незири, овие избори ќе бидат важни затоа што некои партии ќе се делегитимирааат, а други ќе земат замав. Најинтересно, според Незири, ќе биде соочувањето меѓу македонските партии, ВМРО и СДСМ, каде победникот ќе се обиде да покаже дека го има легитимитет од народот. СДСМ, вели Незири, ќе се обиде малиот пораз од минатите избори, да го надомести на локалните, за да може да продолжи со владеењето.

„Истата трка ќе биде и меѓу албанските партии, каде имаме нови партии кои тврдат дека се во процес на проширување, а ДУИ и ДПА ќе се обидат да покажат дека кризата беше причина за претрпената загуба на последните избори и дека е време за нивното закрепување. Има многу математика за локалните избори што ќе ги направи напнати и тешки, не само за да се добијат општини туку и гласовите во целина ќе бидат важен индикатор за тоа која партија како стои со електоратот. Мислам дека од гласовите што ќе ги добијат политички партии или коалициите, ќе зависи дали следната или во 2019 година, кога се претседателските избори, ќе има и предвремени парламентарни избори.“ – смета Џелал Незири – аналитичар

Инаку, поради политичката криза, локалните избори кои требаше да се одржат во мај, беа одложени за во октомври оваа година.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me