Аналитичарите имаат различни мислења за тоа која од опциите на ДУИ за нова Влада е можно да се реализира. Агим Јонуз оценува дека формирањето техничка, односно широка влада е единствена форма за смирување на ситуацијата и избегнување можни тензии, а нови избори, според него, се неопходни, но избори што би се одржале веднаш, не би биле решение.

Според аналитичарот Алберт Муслиу, најверојатно е формирање политичка влада, а одење на ДУИ во опозиција е нелогична опција.

„Сметам дека и двете опции на политичка влада, било со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, зависно од тоа каков став ќе заземат тие во однос на платформата или барањата на ДУИ, се пореални, а останатите опции на широка влада или одење на нови избори, не се оптимални за барањата на Албанците. Ако се отиде на нови избори, тоа не подразбира дека таа партија што ќе победи ќе има поразлични ставови од тие што ги има сега. Опцијата ДУИ да оди во опозиција е невозможна поради бројките што ги има ДУИ.“ – изјави Алберт Муслиу

ДУИ соопшти дека една од причините за да не прифати коалиција е неприфаќање на точките од платформата на партиите на Албанците.

 

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me