На француските Алпи стартуваше најголемата трка на санки со кучиња. На меѓународната трка “Ла Гранд Одисе“ (Големата Одисеја) ќе се натпреваруваат 500 кучиња. Тие за 11 дена ќе поминат 670 километри поминувајќи многу високи врвови. Трката започна на скијачкиот центар Ле Кароз во Франција. Половина од трката ќе се одржи ноќе, а голем дле од неа ќе биде надвор од ски-центрите.

„Симнувањето од планината е најпредизвикувачкиот дел од трката. Треба да се симнете полека бидејќи е многу лизгаво и ако кучињата се движат брзо, може да ги повредат нозете. Инаку е прекрасно и си поминуваме одлично“. – изјави Јан Комбазард, натпреварувач од Франција
Трката ќе заврши на 18 јануари кога ќе биде крунисан победникот.

Шефкије Аласани

 

Shpërndaj me