Настаните пред и по изборите сведочат дека Македонија е далеку од патот на евроинтеграциите, сметаат некои експерти. Малинка Ристевска од Институтот за европска политика истакнува дека речникот на екс-премиерот Никола Груевски покажува која е неговата цел, непријателство со меѓународниот фактор.

Професорката Жанета Трајковска вели дека Македонија забележала пад на демократијата и недостаток на политичка волја за прашањата кои се поврзани со евроинтеграциите на земјата.

Микал Вит од Институтот за европска политика во Прага, смета дека Македонија треба сериозно да ги сфати препораките на ЕУ и оти седењето на две столчиња може да ѝ нанесе лошо на земјата.

„Македонија треба сериозно да ги сфати нештата. Ако сте согласни за нешто што треба да се стори, сторете го почнувајќи со внатрешната политика. Нема логика глумата на две методи, едната со нервите на Европа, а другата со народот во Македонија. Ова не е решение, а уште помалку води кон евроинтеграции.“ – изјавува Микал Вит, Институт за европска политика, Прага
Овие констатации беа дадени за време на една денешна дебата во Скопје на тема Стратегиите на земјите на западен Балкан на патот кон евроинтеграциите.

Адријан Керими

Shpërndaj me