Довербата на граѓаните во Уставниот суд бележи драстичен пад во последниве години во Македонија, а судството и нивото на почитување на човековите права, се во загрижувачка состојба. Беше ова исходот од последниот извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Институтот за европска политика во Скопје.

Според овој извештај, граѓаните годинава, како последица на падот на нивната доверба, поднеле 73% помалку предмети на разгледување во Уставниот суд. Од друга страна, овој суд поништил 300% помалку закони во споредба со 2010 година.

Во извештајот се истакнува неказнивото насилство на полициските служби и намалување на бројот на такви случаи пријавени од граѓаните.

Извештајот истакнува дека Специјалното обвинителство се соочува со несоработка од останатите институции од кои зависат нејзините истраги.

Во последниот извештај на двете организации се наведува и тоа дека во Судскиот совет биле именувани судии без да се почитуваат препораките од извештајот на Прибе, а актуелно во овој совет членуваат лица кои не се веќе судии или пак никогаш не ни биле.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me