Експертите со скептичност гледаат на изјавите на функционерите за ставање во преден план на спроведувањето на итните реформски приоритети. Според Малинка Јордановска од Институтот за европска политика, преку ваквите изјави на техничкиот премиер и на другите партии кои се дел од власта, Владата се обидува да купи што е можно повеќе време, особено кога се знае дека не е спроведена ниту една од итните реформи кои произлегуваат од Извештајот на Прибе.

Јордановска вели дека не се спроведени суштинските реформски прашања, меѓу кои и независноста на судството. Не е зголемена ниту контролата на Собранието врз Владата. На регулаторните тела и понатаму им недостасува неопходната независност, администрацијата и натаму се избира без меритократија, а отсуствува и војната против корупцијата.

Јорданова очекува меѓународната заедница да инсистира на спроведување на итните реформски приоритети. Сепак, според неа, многу е важно ова спроведување да биде надгледувано од страна на граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди целосна транспарентност за она што е направено. Вчера Владата најави интензивирање на спроведување на итните реформски приоритети, кое доаѓа по долгите застои во нивното остварување.

Премиерот Димитриев вели дека „Целта на реформите не е само зачленување на Македонија во ЕУ, туку и да се помогне во функционирањето на институциите.“

Кренар Садику

Shpërndaj me