Протестите под мотото „За заедничка Македонија“ го одбележаа својот 22 ден. Демонстрантите во Скопје, на нивната вообичаена рута која почнува од пред зградата на Владата и заврши пред Собранието, побараа одбивање на заедничката платформа на партиите на Албанците и неспроведување на двојазичноста на целата територија. Организаторите на протестот тврдат дека албанската платформа ја загрозува унитарноста и сувереноста на земјата. Во изминатите денови, освен во Скопје, протести против платформата имаше и во неколку други градови на Македонија.

Shpërndaj me