Во пресрет на објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија, експерти предвидуваат црни сценарија за Македонија. Според нив, извештајот за ова година ќе биде најнегативниот досега, а цел на критиките ќе бидат политичките критериуми и недостигот на демократија во земјата.

Аналитичарите сметаат дека евентуалното одземање на препораката за почеток на преговорите за членство, како што најавија некои европски политичари поради непочитување на политичкиот договор, ќе биде казна за политиките елити, но и за граѓаните на Македонија, како од политички, така и од економски аспект.

Извештајот може да биде одложен за уште една недела. Неофицијално Европската Комисија чека да завршат изборите во Турција закажани за 1 ноември, за да го објави пакетот на проширување и извештаите за напредок на балканските земји, вклучително и Турција.    

Семра МУСАИ

Shpërndaj me