Технолошкиот саем во Лас Вегас беше исполнет со десетици роботи со разни функции кои беа во трка да привлечат повеќе внимание. Разновидноста на уредите на иднината почнуваше од роботи кои вршат работи од домаќинството, до роботи кои се во можност да создадат уметнички инсталации.
Сепак, на саемот доминираше новиот роботски концепт на јапонската компанија Хонда, дизајниран да создаде емотивна врска со корисниците. А – 18 е многу скап робот, програмиран да комуницира користејќи различни лесни и вообичаени мимики во лицето за да се разбере.

„Некои луѓе може да се чувствуваат подобро со идејата дека нешто како еден робот или други лица имаат ситуации каде што и тие имаат потреба од дружба, емпатија, значи имаат потреба некој да ги разбере и овој робот е можност тие луѓе да го добијат она што го сакаат“, рече Ерик Маук, “Хонда”.

На саемот беше присутна и Софија, роботот кој неодамна доби арапско државјанство. Софија е робот кој изгледа како човек и за прв пат се појави во јавноста во март 2016 година. За човековиот физички изглед и комуникациските вештини на Софија работеше цел тим на научници од различни земји во светот.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me