“Сите Holle  житни каши, овошни, зеленчукови и месни кашички, пиреата од овошје и од зеленчук, како и комплетната палета на грицки што се продаваат низ целиот свет, се направени од истите органски состојки и според истите рецепти. Нема разлика во производите што се продаваат во Европа, освен различна етикета и јазик со кој е испишан производот“, гарантираат од компанијата Holle, прв и најстар производител на органска храна за бебиња во светот.

Единствено, нагласуваат од Holle, формулациите на млечните формули за доенчиња треба да се прилагодат за некои пазари, поради различните прописи и барања на земјите, кои се различни од регулативите на ЕУ.

Компанијата Holle ги применува сите процеси и принципи на органско земјоделство, што со право ја прави прва компанија во светот, која во 1951 година доби Demeter сертификат. Demeter е највисока гаранција за квалитет на еколошки производи и најстрог сертификат што еден производител може да го поседува.

Производните погони на Holle се наоѓаат во Риен, Швајцарија и во Гринсфелд, Германија.

Shpërndaj me