Од наредната недела, па до крајот на годинава 100 илјади корисници на фиксната бакарна мрежа на Македонски Телеком ќе добијат побрз интернет. Овие корисници ќе добијат хибридно решение и интернет брзината ќе им се зголеми до 100 мегабита во секунда. Новина е воведувањето и на услугата – Telekom Safe Net, која ќе ги заштити корисниците од злонамерни софтвери, крадење на лични податоци, вируси или хакирање при сурфање на интернет преку мобилната мрежа. Инаку, Телеком во наредниве три години ќе инвестира 60 милиони евра за да ја надгради мобилната мрежа за да може сите корисници да може да постигат брзини за данлоудирање од над 500 мегабита во секунда.

Ја најавуваме следната еволуција „Гиганет“ за брз фиксен и мобилен интернет во Македонија. Денеска на тестирањето постигнавме брзина од над 500 мегабити во секунда во мобилната мрежа. Во моментов за 30 проценти од домаќинствата можеме да обезбедиме интернет преку оптички кабел со брзина од еден гигабит во секунда. Не нудиме само брзина туку и сигурност и од понеделник нашата најбрза мрежа ќе биде и најбезбедна. Ќе ги спречиме опасните софтфери да дојдат до коринсиците“. – изјави Андреас Елснер, Главен извршен директор на Македонски Телеком

Shpërndaj me