Засега нема никаква иницијатива во однос на локалните избори и ако вака останат работите 6-ти август е краен рок за да ги распишам. Ова го изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за државната агенција МИА. Ако се случи тоа, одморот на пратениците, наместо од 4-ти, би можел да започне од 6-ти август, изјави Џафери.

„Со тоа да почнат да течат и роковите и организацијата во однос на локалните избори и потоа би работеле до почетокот на предизборната кампања до 25-ти септември“, изјави Џафери.

Од парламентарното мнозинство изјавија дека тие се подготвени за избори кога и да бидат распишани.

Во Државната изборна комисија пка, денеска одржаа седница токму за локалните избори. Се менуваа и усвојуваа разни предлози. Меѓу другото, за важечко ливче ќе се смета и она на кое се заокружени името и презимето, симболот и редниот број на еден ист подносител на листата. Со ова се очекува да се намали бројот на неважечки ливчиња.

Беше разгледуван извештајот за исплатата на надоместокот на трошоците на учесниците во изборната кампања на изборите во 2016 година. На седницата беа усвоени и упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи, за утврдување на личниот идентитет на гласачот и за начинот на решавање приговори.

Shpërndaj me