Њу Делхи ги отвори вратите на саемот Ауто Експо 2018 каде се изложени десетици луксузни модели на најновите возила и мотоцикли. Целото внимание на саемот го привлече Мерцедес со типот Мерцедес – Мајбах С 650 кој вреди 420 илјади долари. Мајбах С 650 има мотор од 630 коњски сили. Голем впечаток остава и енетериерот кој има седишта со масажа. После Мерцедесот, следува и брендот БМВ со типот 630 Гран Туризмо Спорт кој вреди повеќе од 90 илјади американски долари.

Производителите на луксузни автомобили сметаат дека тие заземаат сосема мало место на глобалниот пазар.

Пазарот на луксузни возила е многу мал споредбено со светските стандарди. Ние заземаме 1.2 % од вкупната авто – индустрија. Се надеваме дека овој процент ќе се зголеми“, изјави Викрам Пауах, претседател на БМВ Груп Индија

Сепак, за сите што мислат дека луксузните автомобили се многу скапи, Ауто Експо Индија има и поевтина алтернатива. Обожавателите на автомобили со многу пониски цени можат да добијат модел минијатура на нивното посакувано возило.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me