Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека до крајот на овој мандат на Комисијата никој нема да влезе во ЕУ бидејќи не се исполнети условите за тоа. Тој сепак, порачува дека во следниот манднат на ЕК секако дека ќе се работи на тоа.

– Обврска на следната Комисија од ноември 2019 до ноември 2024 година ќе биде да ги насочи државите членки и јавното мислење во тој правец, изјави Јункер по состанок на ЕК и бугарски официјални лица во Софија.

Јункер најави дека во Софија на 17 мај ќе се одржи самит за Западен Балкан и ЕУ и дека тој за време на посети во регионот, планирани за крајот на јануари, лично ќе разгледа очекувања од различни играчи на Западен Балкан.

Тој додаде дека е многу важно за Западен Балкан да задржи и има потврдена европска перспектива.

– Во спротивно, постои опасност во овој комплициран регион на Европа да има настани што може да не вратат во почетокот на 90-те од минатиот век, а тоа секако не го сакаме, изјави Јункер.

– Ако им дадеме перспектива, а најбезбедна е перспективата со изградба на инфраструктура на Балканот мислам дека тоа ќе предизвика поголема компетенција, повеќе инвестиции, туризам и подобра кохезија меѓу културите и граѓаните, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Shpërndaj me