Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во својот говор пред Европскиот парламент, изјави дека процесот на проширување на Европската унија ќе продолжи, но ниедна нова земја нема да се зачлени до крајот на неговиот мандат, бидејќи не се исполнети условите. Сепак според Јункер, ако ЕУ сака стабилност мора да понуди перспектива за проширување кон Западен Балкан. Тој прокоментира и дека многу брзо Британците ќе зажалат за одлуката за напуштање на Унијата и додаде дека Брегзит не е иднината на Европа.

Shpërndaj me