Екипата на Јувентус го освои 12 – от трофеј во историјата на Купот на Италија во фудбал. Никој друг го нема освоено три пати по ред како што направи „Старата дама“ во овие три години. Сепак, гледајќи во историјата на ова натпреварување се забележува чуден рекорд на голманот Џанлуиџи Буфон кој финалето со Лацио го следеше од клупа. Буфон го подигна трофејот без воопшто да игра на натпреварот. Тука почнува и чудниот рекорд на голманот на Јувентус. Буфон го освоил италијанскиот куп три пати без да игра ниту една минута. Последен пат кога Буфон бранел во натпревар кој се одиграл за Купот во декември 2012 година.

 

Shpërndaj me