Адис Јаховиќ на само два дена од завршувањето на квалификациите за Светското првенство во Русија, на својот фејсбук профил го нападна тренерот Ангеловски. Го обвинува дека не му дал доволно простор во репрезентацијата за последните две пресметки против Италија и Лихтенштајн. Јаховиќ исто така сите во селекцијата ги нарече непријатели откако не бил поканет да игра на двата натпревара. Зарем 30 гола во Турција не се доволни. Прв напаѓач во Турција и поканет сум како резерва, браво. Јас имам поголем карактер од сите вас непријатели (душмани)“, напиша тој на социјалните мрежи. Инаку, вакво заминување од репрезентацијата најави и Музафер Ејупи кој истакна дека се додека актуелниот тренер Игор Ангеловски е на чело на националниот тим, тој нема да игра.

Shpërndaj me