Исрфлањето на белиот рафиниран шеќер од исхраната има многубројни здравствени придобивки, а намалување на ризикот од делебеење е само една од нив.

1.Губење на масните наслаги на стомакот
Пресметката е едноставна: aко сакате да ги намалите масните наслаги на стомакот, наместо храна богата со шеќер, внесувајте храна богата со растителни влакна.

2.Повеќе енергија
Кога јадете нешто благо или пиете кафе добивате наплив на енергија по кој следи нагло опаѓање на истата. Затоа посегнете по намирници со здрави масти и протеини за да имате енергија во текот на целиот ден.

3.Намалување на желбата за слатки
Колку повеќе јадете благо, толку повеќе ќе имате желба за него.

4. Подобра работа на срцето
Конзумирањето на прекумерни количини шеќер го зголемува лошиот холестерол што може да доведе до разни болести на срцето.

5. Помал ризик од дијабетес
Помалку шеќер во организмот, помали шанси за заболување од дијабетес.

6. Подобар фокус
Исхраната богата со шеќер може да си поигра со вашата концетрација, да ги наруши функциите на мозокот и да ги зајакне симптомите на депресија.

7. Спречување на подуеноста
Иако подуеноста обично се поврзува со солената храна поради натриумот кој влијае на задржување на вода во телото, таа може да настане и поради прекумерна конзумација на шеќер.

8.Подобар сон
Научниците ја поврзуваат прекумерната конзумација на шеќер со лошиот сон. Можете да спиете доволно, но сепак да се чувствувате исцрпено.

9.Подобар изглед на кожата
Шеќерот влијае на колагенот, протеин во човечкото тело кој е многу важен за младоликиот изглед.

10.Раст на мускулите
Истражувањата покажуваат дека губењето на мускулна маса кај повозрасните лица е поврзано со внесувањето рафиниран шеќер.

 

Shpërndaj me