Десното крило на Вардар, Данил Шишкарев најмалку уште една сезона ќе игра во актуелниот првак во ракомет. Тој и раководството на клубот се согласија за продолжување на договорот за уште една сезона. Шишкарев од руското првенство дојде во Вардар во 2014 година каде освои две титули. Тој оваа сезона во дресот на Вардар во Лигата на Шампиони постигна 30 гола.

Shpërndaj me