Македонија и Косово не обезбедија пласман на следното светско првенство, но благодарение на репрезентациите на Швајцарија и Германија, на мундијалот ќе играат вкупно шест играчи со албанско потекло. Блерим Џемаили и Адмир Мехмеди имаат потекло од Македонија, додека Џердан Шаќири, Гранит Џака и Валон Бехрами се од Косово. Имено, Швајцарија обезбеди пласман на Светското првенство откако во плеј-офот беше подобра од Северна Ирска. Швајцарците заминуваат на „Русија 2018“ со само еден гол постигнат во бараж.

Shpërndaj me