16 години по потпишувањето на Рамковниот Договор, анкетираните граѓани изразуваат разочарувања од неспроведувањето во пракса на тоа што е усогласено. Тие велат дека не сакаат да зборуваат за договор, чија имплементација веќе требаше да виде заборавена.

„Доста е со тие работи од 2001 година. Немаме што да зборуваме повеќе.“

„Преку нос ние веќе, имам 74 години, 74 илјади факултети сум ги изгубил во мојата земја, мојата економија. Владата е за луѓето, а ги јаде луѓето.“

„Не 16 години туку 600 години поминале. Ништо не е спроведено и не верувам дека ќе се спроведе.“

„Ништо не е реализирано, ништо. Никаков договор не е постигнат, ништо не реализирале, не знам што да кажам.“ – изјавија дел од граѓаните

Еден од столбовите на Охридскиот рамковен договор, прашањето на употребата на албанскиот јазик, неодамна предизвика дебата за тоа дали законот предложен од Владата го официјализира или само го унапредува албанскиот јазик. Охридскиот Договор се сметаше како гарант за соживот и рамноправност меѓу Албанците и Македонците. Договорот се базира на пет клучни принципи: Промената на власта преку слободни и демократски избори; Гарантирањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија; Потврда на мултиетничкиот карактер на македонското општество; Изградба на демократска држава; Развој на локалната власт. Договорот, кој го прекина вооружениот конфликт во 2001-та беше потпишан од поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, и лидерите на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери.

Валмира Зендели

Shpërndaj me