Швајцарското федерално обвинителство покрена кривична постапка  против поранешниот генерален секретар на ФИФА Џером Волке и катарскиот претседател на ПСЖ Насер Ал-Келаифи. Постапката е иницирана поради сомневање дека Ал Келаифи дал поткуп за правата за емитување на Светското првенство.

„Постои сомнение дека Џером Волке  прифатил непристојни понуди од бизнисмен во секторот за спортски права во врска со доделувањето на медиумските права за одредени земји на Светските првенства во фудбал во 2018, 2022, 2026 и 2030 година и од Насер Ал-Келаифи во врска со доделување медиумски права за одредени земји на Светското првенство во 2026 и 2030 година “, соопшти денеска канцеларијата на швајцарското Јавно обвинителство.

Валке денеска беше сослушан, а беше извршен и претрес во неговите имоти во Франција, Грција, Италија и Шпанија.

Швајцарското обвинителство соопшти дека акцијата се одвива во соработка со „Еуроџаст“, агенцијата на ЕУ за соработка во борба против криминал. Швајцарското обвинителство информира дека во заедничката операција биле одземени голем број документи и сослушани се повеќе лица кои биле во контакт со Валке.

Во март минатата година, беше соопштено дека Валке е осомничен за криминално управување и други прекршоци. Тој негираше дека сторил нешто лошо.

Истрагата против Ал Келаифи е една од првите директни врски со Катар, во широките истраги спроведени од страна на властите во САД, Франција и Швајцарија а во однос на ФИФА, меѓународниот фудбал и натпреварите за Светскиот куп 2018-2022.

Shpërndaj me