Продолжуваат изненадувањата на турнирот во Монтреал, каде тенискита надеж на Канада, Денис Шаповалов, го победи светскиот рекет број два, Рафаел Надал со резултат 2:1 во сетови. Со неговата победа по два часа и 45 минути игра, 18-годишниот тенисер се квалификува за четврт-финалето на Мастерсот во Монтреал, каде што ќе игра со Французинот Адријан Манарино. Со овој пораз, Надал ја изгуби шансата во понеделник на новото рангирање по подолго време да се врати на челната позиција на АТП Листата.

Shpërndaj me