Чешка и Словенија ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон европската и евроатланската интеграција. Ова денеска на државниот секретар во МНР Виктор Димовски му го пренеле  заменик министерот за европски прашања во чешкото Министерство за надворешни работи Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија, Изток Мирошич.

На средбата, како што соопшти МНР, е разговарано за европската интеграција на Македонија и конкретните чекори што престојат во контекст на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, објавена минатиот вторник, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО.

Станало збор и за внатрешно-политичката состојба во Македонија и за односите со соседите.

Shpërndaj me