Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин на 15 февруари ќе престојува во Скопје, по повод отворањето на новата зграда во рамките на тренинг центарот „Петар Милошевски.“ Новиот објект кој е дел од комплексот „Фудбалска Куќа“ ќе има нови капацитети за престој на ученици од Академијата на ФФМ и на УЕФА како и младинските екипи. Објектот има 30 нови соби со кревети на кат, апартман за селекторот и стручниот штаб како и сала за состаноци. Новите капацитети се наменети и за престој на ученици од фудбалската Академија во текот на учебната година, додека ќе се користи и за младите екипи во пресрет на квалификациски натпревари.

Shpërndaj me