Обвинителството работи на расчистување на синоќешното убиството во скопски Чаир, кога 41-годишна жена беше избодена до смрт на улицата Дижонска. Телото на починатата е испратено на обдукција, а истрага и на полицијата е во тек.

Граѓаните од Дижонска стравуваат за безбедноста и за нивните имоти. Бараат да се зголемат безбедносните мерки.

“Не е добро да се случуваат вакви работи, не е добро. Се случи синоќа еден, по два месечно се случуваат. Државата треба да му ја мисли, овие настани се сите за државата, тие треба да ги регулираат овие работи, а не народот.”

“Овие случувања не се добри за населението од општина Чаир, апелирам да бидеме посмирени во сите сфери. Мора да се преземат чекори за да се избегнат ваквите случаи кај нашиот народ. Загрижени сме бидејќи немаме никакви правила тука во Чаир. Немаме дисциплина, децата не се контролираат.” – велат граѓаните

Синоќа по полноќ во куќа во близина на Дижонска лицето со иницијали М.Ш. од Скопје со нож ја избол 41 годишната од Ж.К. од Тетово која пак, влегла во неговата куќа со секира. Се верува дека двајцата биле во семејна врска. Освен синоќешното убиство, пред еден месец 17-годишно момче беше прободено со нож во градски автобус, а две други лица беа убиени во краток временски период, еден во Џон Кенеди, другиот во Топанско Поле.

Елмедина Алији

Shpërndaj me