Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја уверуваше грчката црква дека ќе ги има во предвид нивните ставови во преговорите околу името. Грчките медиуми пишуваат дека ова е одговорот на премиерот кон цврстиот став на црквата дека не би прифатиле друга црква освен грчката да се нарекува Македонска, барање кое поттикна дебата кај јужниот сосед.

„Дозволете ми да ве уверам дека мојата влада е решена да пристапи на ова прашање со национална одговорност, во силна одбрана на националните интереси, со аспирации за мир, соработка и пријателство со сите народи од регионот. Сериозно ќе го имаме во предвид сето тоа што го рековте од црковен аспект по ова прашање. Пред се, со ова прашање ќе постапиме со одговорноста која ни ја дава уставот на грчкиот народ, во духот на дијалогот и национално единство“. – изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција

Ставот на Владата, е дека позицијата на Грција е јасна, дека би се прифати предлог за општа употреба односно „ерга омнес“, само ако Скопје се откаже од иредентизмот. Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцисе оптимист за решавање на прашањето и вели дека ќе имаат парламентарно мнозинство. Постои уверување и дека коалициониот партнер партијата Независни Грци нема да бидат пречка за решението.

„Доцниме многу години и сега кога постои разна корелација на политички сили и ставовите во ПЈРМ, имаме важна можност која не треба да ја испуштиме. Оптимист сум“. – рече Никос Вуцис, претседател на парламентот на Грција

Лидерот на опозициската партија, Нова Демократија, Кириjакос Мицотакис од друга страна бара објаснување за вчерашната тајна средба помеѓу шефовите на дипломатиите на двете земји.

„Не знаеме што преговараат, за што преговараат, не знаме што дале и што земале. Не знаеме ништо. Ја канам Владата со цел одговорно да ја информира опозицијата за важното прашање околу името на Скопје и конечни да стави крај на тајната дипломатија. Исто така, барам од владата да прекине со делење на Грците и да прекине со етикетирање како десни радикали на сите луѓе, кои се особено чувствителни кон ова прашање“. – изјави Киријакос Мицотакис, Нова Демократија

На 17 јануари во Њујорк преговарачките групи ќе се сретнат со посредникот на ООН, Метју Нимиц. На средбата страните се очекуваат предлози за решавање на спорот.

Анеса Салиу

Shpërndaj me