Нема да поевтинат становите и деловните простори годинава. Иако е зголемена понудата на недвижнини тоа нема да донесе и намалување на метар квадратен велат дел од компаниите кои интензивно градат низ државава. Дел од инвеститорите велат дека стабилизацијата на политичката состојба ја зголемила побарувачката на становите со што се бетонирала и цената на недвижностите.

„Последниот квартал од годината според нашите резултати и истражувања гледаме дека има зголемено движење на побарувачка и купување на станови и деловни простори. Втората половина од минатата година видовме раст на продажба на становите и од тука и фактот и очекувањата дека ќе имаме раст на продажбата на недвижнини, и нема да има намалување на цената на становите.“ – изјави Есер Џевахир – инвеститор во недвижности

„2017- та година беше доста успешна година за разлика од останатите години. Имаме зголемен број на продажба на станови, но и зголемен број на пласирани кредити од страна на банките тому во станбени објекти. Од таа причина сметаме дека пазарот е стабилен и нема да има некои посериозни промени во цените.“ – вели Влатко Богоевски – Агенција за недвижности

Метар квадратен во главниот град се продава од 900 до 1500 евра во зависност од тоа во кој дел од градот се наоѓа. Најскапи се становите во скопски Аеродром, Водно, Центар и Карпош. Најефтини се во Гази баба, Чаир, Железара. За разлика од Скопје во останатите градови становите се движат од 600 до 900 евра по метар квадратен. Најбарани се становите со површина до 60 метри квадратни како и гарсоњерите. Најголем процент или 60 отсто од вкупно продадените станови се купени од млади брачни парови. Најголем дел од овие станови се купени на кредит, но, се почесто граѓаните наместо во банка заштедите ги вложуваат во недвижнини. Дел од економските експерти сметаат дека ниските каматни стапки за депозитите се причина плус граѓаните парите да ги вложуваат во станови или дуќани наместо заштедите да ги чуваат во банка. Додека во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и останатите градови во земјава се бараат станови во Тетово освен за станови, расте побарувачката и за деловни објекти.

Верица Павлоска

Shpërndaj me