Играчот за врска, Енис Барди по кратката пауза, повторно се врати на зелените терени на натпреварот Валенсија – Леванте на „Месталја“. При резултат 2:1 за домаќините, Барди влезе во игра во 72 минута и имаше неколку точни асистенции. Но, сепак Валенсија до крајот на натпреварот го постигна и третиот гол и тоа преку сомнителен пенал. Со овој пораз, Леванте е на 17 место во Ла Лига додека следниот натпревар го игра против Реал Сосиедад.

Армандо Садику во дресот на Леванте ќе дебитира за десет дена, а причина зошто не играше против Валенсија е повредата. „Дебито за Леванте ќе почека уште десет дена поради повреда“, изјави Садику за албанските медиуми. Напаѓачот на Албанија беше еден од големите трансфери во јануарскиот преоден рок откако во Леванте дојде од Легија Варшава за сума од еден милиони евра потпишувајќи договор од две години и пол.

Аријан Адеми игра во неверојатна форма додека хрватските медиуми веруваат дека тој е клучниот играч за подемот на Динамо Загреб. По завршувањето на суспензијата, Адеми на 10 натпревари постигнал три гола додека за прв пат во својата кариера против Осијек постигна два гола. „Еве и ова се случи за прв пат. Се чувствувам одлично физички и максимално сум подготвен за сите натпревари“ изјави Адеми за хрватските медиуми, кои од друга страна имаат само пофални зборови за играчот од средината на теренот. Хрватскиот дневен весник „24 Часа“ пишува дека Адеми е Фактор Икс за Динамо Загреб.

Махир Тачи

Shpërndaj me