Пагски Сир“ го освои првото место во трката за најдобро сирење во светот од овчо млеко. Натпреварот каде присуствуваа десетици натпреварувачи се одржа на островот Паг, во Хрватска. Сирењето се оценуваше врз основа на неколку критериуми, како што се количината на сол, арома и изглед.

Нам често не прашуваат која тајната на Пагското сирење, но всушност тоа не е некоја тајна. Тајната е судбината на островот Паг која е на карпи, која е со малку вегетација, но е многу посебна, полна со ароматични растенија и сол што ветрови ги носат во зима. Нашите овци тука на островот се хранат вака и млекото што го даваат е многу посебно.” – вели Мартина Пернае, директорка на „Паска Сирена”

Сирењето од оваа област е распродадено и затоа треба да се резервира неколку месеци претходно. Произведувачите на сирење од областа велат дека сакаат нивните производи да ги прошират на глобално ниво, но количината на извозот е ограничен.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me