Косово наскоро ќе има своја армија во соработка со НАТО, a до 2020-та година, се планира оваа земја да стане членка на Алијансата, смета косовскиот државен врв. На меѓународната конференција „НАТО и Западниот Балкан“ што се одржа во Приштина, претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели рече дека придонесот на Косово за мирот и меѓународната безбедност ги поминува границите на регионот, а премиерот, Рамуш Харадинај додаде дека до крајот на оваа деценија, државата ќе стане дел од НАТО, откако претходно ќе се зачлени во програмата Партнерство за мир.

Shpërndaj me