Од решавање на долгогодишниот спор за името, придобивка за Македонија ќе биде кревањето на рампата за нејзините интеграции кон НАТО и кон ЕУ, а Грција ќе ги реши своите економски проблеми, сметаат експертите. Според нив, кое и да биде решението, ниту една страна нема да биде губитничка.

Решавањето на конфликти на мирен начин, во дипломатијата си има свои придобивки. Една од нив е давање на економски привилегии на владите во овој процес. Од овој аспект, владата на Грција, претпоставувам дека ќе добие ублажување на строгите економски мерки, како што ги нарекува ЕУ и евентуално простување на долговите. Македонија пак може да се надева на инвестиции кои ќе придонесат за поголем економски раст“, изјави Мухамед Халили, поранешен дипломат

Според експертите, меѓу другото, со решавање на спорот за името, Грција ќе го подобри својот рејтинг во НАТО и во ЕУ и ќе и биде намален притисокот од меѓународната заедница за спорот со Турција.

Анеса Салиу

Shpërndaj me