Учеството на Вардар во групната фаза од Лига Европа ја натера ФФМ да го разгледа календарот на Првата лига каде направи две модификации. Има промена во третото коло од сезоната како и во првиот осмина – финален натпревар во македонскиот куп, кои беа предвидени за 27 август и утре на 13 септември. Натпреварите се одложени и средбите ќе се играат кон крајот на годината. Од ФФМ за Алсат М велат дека календарот нема да претрпе промени. Оваа одлука е донесена од Извршниот комитет на Федерацијата. Во пролетниот дел од сезоната сите екипи ќе влезат со ист број одиграни натпревари.

Shpërndaj me