Италија одигра само нерешено 0-0 против Шведска на „Сан Сиро“ и за првпат по 60 години не успеа да се пласира на едно светско првенство. Со тоа, ниту голманот Џанлуиџи Буфон нема да може да настапи на неговиот шести светски мундијал.

Италија досега не настапи само на првенството во Уругвај во 1930 година и во Шведска во 1958-мата. Во меѓувреме, Шведска немаше пласман на последните две првенства. Најголем победник од дуелот Италија-Шведска беше репрезентацијата на Хрватска која ќе биде во второт шешир.

По овој натпревар, според ранг-листата на ФИФА, носители на жрепката ќе бидат, Русија, Бразил, Белгија, Германија, Полска, Португалија, Франција и Аргентина.

Shpërndaj me