Албанската фудбалска репрезентација успешно ја заврши оваа година откако на контролниот натпревар со Турција на гости победи со 3-2. Тренерот на репрезентација, Кристијано Панучи беше среќен од настапот на „Црвено-црните“. Стратегот ја поздрави посветеноста на играчите на тренинзите и истакна дека тие полека, но сигурно ги сфаќаат неговите идеи.

Верувам дека ова беше плод на работата која ја правевме. Значи, не е вредна само победата, туку начинот како игравме, особено во првиот дел. Сепак, сметам дека има многу што да се поправи, иако сум среќен што конечно играчите ги разбираат моите идеи“, рече Кристијано Панучи- тренер на Албанија.

Во меѓувреме, Косово на домашен терен во богат натпревар со голови победи против Летонија со 4-3. За Косово ова беше прва победа.

Тешка, но голема победа. Не игравме којзнае колку добро, но важна беше победата. Имавме тешки моменти, но сепак ја видовте радоста на играчите кога го постигнаа четвртиот гол. Тоа покажува каков психолошки товар имале без ниту една победа. Оваа е голема победа, но заслугите не се мои“, изјави Мухарем Сахити- тренер на Косово.

Сега Албанија и Косово ја чекаат жрепката за Лигата на нациите од каде ќе се борат за пласман на ЕП 2020.

Сафет Адеми

Shpërndaj me